Затвор за поранешен тапанар на „Парни Ваљак“ откако со автомобил прегазил човек

by Fokus

Поранешниот тапанар на групата „Парни Ваљак“, Дражен Шолц неправосилно е осуден на четири и пол години затвор, затоа што на 22 септември, 2017 година, на загрепска улица, под дејство на алкохол го усмртил пешакот Вјеран Дасовиќ и заминал од местото на несреќата.

Освен затворска казна, Општинскиот кривичен суд во Загреб му изрече петгодишна забрана за управување со возило од сите категории, која започнува да тече откако ќе ја отслужи казната. Освен алкохол, тој бил под дејство и на метаболит кокаин.

Поврзани новости