Затруените ученици од „Арсени Јовков“ пуштени на домашно лекување

by Фокус 11:14
11:14

Сите 13 ученици и еден професор од средното училиште „Арсениј Јовков“ се пуштени на домашно лекување откако вчера биле  примени на Клиниката за токсикологија и во градската болница „8-ми Септември“ со симптоми на кашлање и задушување.

Според првичните информации од МВР, се работи за вдишување на спреј кој бил употребен од две непознати лица.

- Advertisements -

На институтот за судска медицина ќе бидат направени анализите и испитувањата кои треба да покажат за каква материја станува збор, а се очекува МВР дополнително да ги соопшти деталите и да  излезе со информации по направениот увид.

Поврзани новости