Затруени 21 работник од штипската фабрика „Актива“

by Fokus

21 работник од штипската фабрика „Актива“ завршија во болница поради симптоми на труење со храна, а Државниот здравствен и санитарен инспекторат ја затвори фабричката менза.

Од Штипската Клиничка болница велат дека работниците откако ја добиле соодветната терапија се пуштени на домашно лекување.

– Во текот на вчерашниот ден, од некаде од 13 часот до вечерта до 20 часот на инфективното одделение во штипската клиничка болница се имаат јавено 21 лице со симптоми на повраќање и дијареа. Укажана им е лекарска помош и сите се пуштени на домашно лекување – изјави Ален Георгиев, директор на Клиничка болница-Штип.

 

Поврзани новости