Застрелан ловџија во Мариово

by fokus

Четириесет и шестгодишен битолчанец е повреден откако вчера бил застрелан додека бил на лов во Мариово, информираат од СВР Битола.

-Во текот на вчерашниот ден во СВР Битола е пријавено дека во Клиничка болница Битола е пренесено повредено лице. Од страна на увидна екипа при СВР Битола извршен е увид при што е утврдено дека станува збор за М. Б (46) од с. Добрушево кој, според пријавеното, околу 10:00 часот бил на лов со синот Х.Б., како и со П.В. и С.М., при што тој бил погоден од огнено оружје во атарот на селото Градешница – Мариово.

Кај М.Б биле констатирани телесни повреди и укажана му е лекарска помош, информираа од СВР-Битола и најавија проверка на причините за несреќниот настан“, информираат од МВР.

Поврзани новости