Застапниците за правата на абортусот маршираа низ центарот на Лос Анџелес

by Fokus

Стотици луѓе маршираа низ центарот на Лос Анџелес за да протестираат за поддршка на правата за абортус, јави ДПА.

Акцијата беше дел од вториот последователен викенд на демонстрации во Калифорнија, откако Врховниот суд на САД ја укина одлуката од 1973 година со која се легализираше абортусот во земјата.

Пред Федералниот суд, говорниците ја повикаа толпата да маршираат мирно за да го изразат своето незадоволство од укинувањето на 49-годишното федерално право на абортус.

Протестот беше организиран од филијалата во Јужна Калифорнија на „Станете за правата на абортусот“ (Rise Up 4 Abortion Rights), која организираше и други слични настани. Таа повика на демонстрации и на националниот празник на САД – Денот на независноста, 4 јули.

Поврзани новости