Засилено полициско присуство во Куманово, засега мирно без пукање

by Фокус

Главните сообраќајници  во Куманово од ноќеска се блокирани за сообраќај. Забележливо е зголемено полициско присуство на улиците „11 Октомври„ и „Тодор Велков“ во центарот на Куманово, а од МВР засега не откриваат што точно се случува, освен што истакнуваат дека се преземаат мерки за безбедност во Куманово.

Жителите на  Куманово се вознемирени, а општинските влсти веќе презедоа мерки за безбедност, односно воведени се скратени часови во училиштата. На родителите им било речено да не ги носат децата во градинка, а во текот на ноќта пред истекот на работното време биле затворени угоистителските објекти и кафулињата.

Кумановци шпекулираат дека наводно полицијата брка некој од терористите, кои им избегал во акцијата што се случи минатиот викенд, кога беа убиени 8 полицајци, 37 беа повредени, а беа убиени и 14 терористи, а 30 беа приведени.

Поврзани новости