Засилено обезбедување на албанскиот премиер Рама, по заканата со убиство од мајката на убиеното грчко момче

by fokus

Засилено е обезбедувањето околу домот на албанскиот премиер Еди Рама и ограненичено му е движењето во јавноста, по јавно упатената закана од мајката на Констандинос Кацифас дека ќе ја одмазди крвта на синот.

Мајката на Кацифас, кој беше убиен во престрелка со полицијата, на 40-дневниот помен одржан вчера во родното село Буларат, низ лелек пред гробот на синот вети дека ќе одмазди.

– Ќе го убијам Еди Рама. Ми го зеде мојот хрој. Јас ќе ја платам крвта на син ми, порача мајката на Кацифас.

Оваа изјава, според весникот „Коха јон“ надлежнте служби ја сфатиле многу сериозно, односно како многу сериозна закана по живот.

Министерството за внатрешни работи, албанската тајна служба ШИШ и државната полиција бројно ја зголемија стражаската служба кај куќата на премиерот Рама во Сурел и го ограничија неговото јавно движење, се до друга наредба. Тројно е зголемено обезбедувањето од придружбата на Рама.

-Сомневајќи се дека ултранационалистичките грчки кругови можат да помогнат во ова сценарио, албанските тајни служби поставија агенти за контрола на движењето на мајката на Кацифас. Службите се сомневаат дека таа тајно може да дојде до главниот град на некоја активност на премиерот,пишува „Коха јон“.

Доверлви извори од Владата за весникот велат дека е зголемена контролата врз секој функционер, особено жените, кои влегуваат во Владата. 

Поврзани новости