Засилени мерки во Сиднеј, прогласена вонредна состојба поради делта сојот

by Fokus

Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска објави најголем дневен пораст на заразени со коронавирус оваа година, што предизвика посилни мерки за затворање во Сиднеј, а австралиските власти соопштија дека државата е во вонредна состојба што го попречува закрепнувањето на економијата.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан, најави дека во најголемиот град во земјата мерките за ограничување на движењето и останувањето дома можат да бидат продолжени по 30 јули.

-Очигледно бројките не одат во насока на која се надевавме во оваа фаза, рече Береџиклиан, додавајќи дека нови 136 случаи се пријавени во Нов Јужен Велс. Во последниот бран на епидемијата вкупниот број заразени се искачи на нешто повеќе од 1.900 случаи откако инфекцијата во Сиднеј во јуни беше откриена кај возач на лимузина во странска авиокомпанија.

Поради забрзаното ширење на делта сојот во соседните држави Викторија и Јужна Австралија властите одлучија дека мерките за ограничување на движењето на повеќе од половина од населението остануваат на сила.

Поврзани новости