Засилени контроли за летниот распуст: Казни од 1.000 евра за точење алкохол и присуство на малолетници во локали по полноќ

by Fokus

Од СВР Струмица информираат дека во тек на летниот период ќе се превземат интензивни мерки и активности во кафулињата, летните тераси и дискотеки, бидејќи поради летниот распуст, традиционално во локалите е раздвижено и присутни се многу млади лица во вечерните чаосви.

Активностите ќе бидат насочени на присуство на малолетници после полноќ и точење на алкохолни пијалоци на истите. Исто така, се апелира да се внимава и на јачината на музиката.

СВР Струмица апелира угостителите да не дозволуваат присуство на малолетници во објектите по 24 часот, ниту пак да ги послужуваат со алкохол. За послужување на малолетни лица со алкохолни пијалоци угостителите можат да бидат и кривично гонети. Да се внимава и на јачината на музиката, во спротивно ќе се соочат со пријави и глоба коај се движи од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност и плус 200 до 500 евра за одговорното лице. Доколку станува збор за трговец –поединец, глобата изнесува од 500 до 800 евра, доколку не превземе соодветни мерки да го спречи нарушувањето на јавниот ред и мир во неговиот објект. И во други општини има најава за засилени контроли во тек на летниот распуст.

Јавна тајна е дека малолетниците остануваат во локалите и по полноќ, како и дека многу лесно можат да дојдат до алкохол, а угостителите најчесто се правдаат дека не можат да им ја одредат возраста.

Вики Клинчарова

Поврзани новости