Засилен ветер попладнево долж Повардарието

by fokus

Засилен ветер со брзина од 80 километри на час се очекува попладнево особено во северните делови од државата долж Повардарието.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека од попладне облачноста ќе се зголемува.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 19, а дневната од 20 до 31 степен.

И во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието. Температурите ќе бидат во благ пораст, а во петок и за време на викендот повремено облачноста ќе се зголемува

Поврзани новости