Засадени дрвца во близина на манастирот Св. Преображение во Крушево, омиленото место на Тоше Проески

by fokus

На неколку часа пред концертот и промоцијата на нов албум на Тоше Проески, општина Крушево заедно со компанијата СЕКЕ и Македонски шуми, засадија неколку стотици садници во близина на манастирот Св. Преображение во Крушево.

Ова место беше едно од омилените на македонската поп-икона Тоше Проески, кој во неколку наврати имаше изјавено дека „таму си го наоѓа мирот“. И самиот Тоше учествуваше во изградбата на манастирот.

„Со пошумувањето сакаме да испратиме пораки за зачувување на животната средина и сакаме ова да е прва година од многу во одржувањето на настанот“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски за официјалниот сајт на Круево.

ФОТО – krusevo.gov.mk

Поврзани новости