586
Дваесет медицински лица се заболени од Корона-19 на Клиниката за нефрологија, во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во кое се додава дека прашање е дали воопшто ќе може таа клиника да функционира во наредниот период.
Од опозициската партија јавно прашуваат што ќе се случува со пациентите кои секојдневно се таму на прегледи и оние кои без дијализа не можат да живеат.
„Зарем не ги јаде совеста Филипче и Заев? Очигледно не, гајле им е. Тие двајца дозволија масакр и ги оставија на цедило медицинските лица кои се на првата борбена линија“, стои во партиското соопштение во кое се нагласува дека надлежните најпрво не обезбедиле заштитна опрема за медицинските лица, а сега нема ниту вакцини за никого.