Заразена струмичанка избегала од болница

by fokus

Педесет и осумгодишна жителка од струмичкото село Вељуса која била хоспитализирана на Одделението за инфективни болести во Општа болница – Струмица, избегала без да потпише изјава и без да го консултира медицинскиот персонал.

Според информациите од МВР, кога избегала жената точно не се знае, наведен е период од 2 до 7 ноември.

Против нејзе ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Поврзани новости