Започнува Вевчански карневал со многу музички гости

by Fokus

Денес започнува традиционалниот Вевчански карневал, кој се одржува од 12-ти до 14-ти јануари. Маските кои се држат во тајност до дефилето на 13-ти, веќе се подготвени, а пак сместувачките капацитети биле исполнети.

Објавена е и музичката програма која ќе започне денес во 18 часот со настап на Гиг Офф, а потоа следуваат концерти на Венко Серафимовски и Прпл Цепелин, Брука, ДНК, Ласт експедишн и Фиц енд д‘инвизиблс.

Утре пак, музичката програма започнува во 18.30 часот со настап на Балкава, а потоа следуваат Банда ентопика, Нино Величковски и кумановски тамбураши, Некст Тајм и Перо Бели. Карневалот традиционално се одржува пред празникот Василица, а завршува со палење на маските на 14-ти јануари.

Поврзани новости