Започнува примопредавање на министерските позиции, Спасовски, Шекеринска, Дескоска седнуваат на министерските столчиња

by Fokus 09:03
09:03

Откако синоќа на полноќ беше избрана новата влада предводена од премиерот Зоран Заев, денеска е закажано примопредвање на дел од министерските функции.

Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово официјално ја презема должноста министер за внатрешни работи од досегашниот Агим Нухиу.

- Advertisements -

Во текот на денот, Пиштар Љутфиу– досегашен министер за образование и наука  ќе и ја предаде министерската должност на новоизбраната министерка  Рената Тренеска Дескоска.

Попладнево во 12:30 часот во Министерството за одбрана ќе се одржи Свеченост по повод примопредавање на должноста Министер за одбрана. Се очекува Радмила Шекеринска да ја преземе должноста министер за одбрана.

Поврзани новости