Започна теренската проверка на спорните гласачи од Избирачкиот список

by Фокус

Денеска започна теренската проверка на спорните гласачи од Избирачкиот список. Анкетари на ДИК проверуваат 100.436 сомнителни записи распоредени на 89.383 граѓани во сите 80 општини во Македонија.

– ДИК е во постојана комуникација со подрачните одделенија и од блиску го следи процесот. Досега нема информација за проблеми на терен, но дополнителни информации се очекуваат кон крајот на денот кога ќе заврши анкетирањето и кога материјалите ќе им бидат предадени на контролорите во подрачните единици на ДИК – вели Љупка Гугучевска, советник во ДИК.

Поврзани новости