Започна изборниот молк, во 3 дена ќе се гласа за 15 коалиции и партии

by Фокус

Точно на полноќ заврши дваесетдневната изборна кампања за десеттите парламентарни избори од осамостојувањето на Македонија, во која кандидатите ја презентираа својата понуда пред граѓаните. Изборниот молк ќе трае до среда до 21 часот.

За првпат досега гласањето ќе се одвива три дена. Во понеделник гласаат лицата кои се во изолација поради епидемијата на коронавирусот, а во вторник болните и изнемоштени лица.

На парламентарните избори учествуваат 15 коалиции и политички партии, за кои граѓаните ќе можат да го дадат својот глас.

Поврзани новости