Запиен чувар со нож бркал деца од дворот на училиштето, прободел штипјанец кој сакал да ги заштити

by fokus

35-годишен штипјанец со иницијали М.Д. е прободен во левата подлактица откако се обидел да заштити деца, другарчиња на неговиот син, од чувар во основното училиште „Димитар Влахов“ во Штип. 55-годишниот Ф.А. видно запиен, извадил нож пред децата и со закани и навреди се обидувал да ги избрка од дворот на училиштето.

Инцидентот се случил синоќа околу 22.00 часот. Како што велат од полицијата  М.Д. отишил кај чуварот околу 19.30 часот и во рамки на училиштето конзумирале алкохол. Околу 21.00  часот М.Д. тргнал накај дома, но во дворот на училиштето застанал и разговарал со неколку момчиња, другари на неговиот син.

По кратко време, пред капијата на училиштето дошол Ф.А. кој во десната рака држел нож и на висок тон почнал да ги навредува и да ги брка децата. М.Д. се обидел да го спречи Ф.А. во намерата, но Ф.А. го фатил за вратот и го турнал до оградата.

Потоа, при меѓусебното влечење, Ф.А. го прободел М.Д. во левата подлактица. М.Д. со екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости