Запален мебелот од канцаларијата на Иванов, со камења по Министерството за правда

by Фокус 20:18
20:18

Откако полицијата не им дозволи на демонстрантите од пред Собранието да се упатат кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ, тие се вратија пред канцеларијата на претседателот Иванов каде целосно ја демолираа. Мебелот е изваден на улица и запален.

Скршени се и прозорците на Министерството за правда кое се наоѓа во близина. По улиците е хаос, а полицијата ги брка демонстрантите. Има и неколку повредени, меѓу кои и новинарот на ПлусИнфо, Горан Наумовски, кои со пендрек бил удрен по глава.

- Advertising -

 

Поврзани новости