Запален автомобилот на сопругата на Миле Зечевиќ

by fokus

Доцна синоќа било опожарено возилото на сопругата на поранешниот директор на управата за безбедност и контрарзузнавање, Миле Зечевиќ. Опожарениот автомобил бил паркиран на улицата пред куќата во која живее Зечевиќ. Од министерството за внатрешни работи потврдуваат дека околу 3 часот бил пријавен инцидентот и дека работат на расветлување на случајот. Миле Зечевиќ е член на Централниот одбор на СДСМ. Во 2006 година беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Зечевиќ за ТВ24 вели дека нема претпоставка за тоа кои би можеле да бидат сторителите. вели дека немал закани ниту контфронтации со групи или поединци.

„Го осудувам насилството за решавање на било какви ситуации, оставам на истрагата што побрзо да ги разоткрие сторителите и мотивите за овој чин. Не сакам ниту да помислам дека ова има врска со одредени политички настани или случувања.“ – вели тој.

Ова е последниот од низата опожарени или демолирани автомобили регистрирани од полицијата. За само 19 дена 13 вакви инциденти се случиле. Шест од автомобилите се во сопственост на УБК, еден е на сопругата на поранешниот директор на истата управа. Стои ли политичко-криминално подземје зад серијата вакви инциденти? Кој и зошто ги пали и демолира автомобилите и дали и каква порака сака да се испрати со тоа? Пораката што се испраќа е многу сериозна, вели Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР. Тој не ја исклучува и можноста за политичко криминална пресметка.

Поврзани новости