Запален автомобилот на пратеникот Хари Локвенец откако го прослави потпишувањето на договорот

by fokus

Запален е автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец. Инцидентот се случил откако беа објавени фотографиите од Преспа, од потпишувањето на договорот за името со Грција, на кое присуствуваше и тој.

„На 17.06.2018 година во 23.05 часот во СВР-Битола, Х.Л. (48) од Прилеп пријавил дека околу 23.00 часот непознат сторител го опожарил патничкото возило „Мини Купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Претходно дента, по потпишување на договорот со Грција, беше објавена фотографија од премиерите на двете земји и пратениците на СДСМ, меѓу кои беше Локвенец.

Поврзани новости