Занимавајте се со проблемите во вашите земји, порача Захарова по критиките за апсењето на Навални

by fokus

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова преку социјалните мрежи им порача на странските политичари кои го критикуваат апсењето на рускиот опозиционер, Алексеј Навални, да го почитуваат меѓународното право и рускиот закон и да се занимаваат со своите проблеми.

-Што се однесува на господинот Саливен, и други странски политичари кои објавуваат однапред подготвени коментари, почитувајте го меѓународното право и националното законодавство на суверените држави и занимавајте се со проблемите во своите земји, напиша Захарова на Фејсбук.

Според информациите од руските власти, судот во вторник ќе одлучи дали Навални ќе биде пуштен или задржан во притвор. Тој беше уапсен на аеродром во Москва, каде слета од Берлин.

Поврзани новости