Замениците министри на Села поднесуваат оставки

by Фокус

По најавата на Зијадин Села дека ќе ја напушти владата по усвојувањето на Законот за јазиците, замениците-министри од Алијансата за Албанците ќе поднесат оставки.

Како што најавуваат од партијата, заменик-министерката за надворешни работи Арта Точи и заменик министерот за транспорт и врски Ремзи Мемети утре ќе ги достават оставките во писмена форма.

Инаку, Села излезе од владата откако Зоран Заев и Али Ахмети му го одземаа министерството за здравство, кое го раководеше Арбен Таравари до изборот за градоначалник.

 

Поврзани новости