Заменик министерот за здравство дури пред една недела ги добил овластувањата, претходно бил „англиска кралица“

by fokus

Министерството за здравство било речиси парализирано до пред една недела поради немање министер. Заменик министерот Гоце Чакаровски во вечерашната Топ Тема на Ваша страна изјави дека целосните овластувања од владата ги добил пред една недела, а претходно, како што рече самиот, бил „англиска кралица“.

За недостигот од лекови за третки болести рече дека ги има по депоата на веледрогериите, но зошто не се кај пациентите, рече за тоа имало други интереси кои не сакаше отворено да ги каже.

„Недостигот на лекови се прави вештачки“, вели Чакараодвски. Според него зад тоа стојат други интереси и цели, а не дека навистина ги нема.

Поврзани новости