Заменик министерот за образование на чул за иницијативата за нов универзитет на албански јазик во Скопје

by fokus 11:37
11:37

На новинарско прашање дали за него е прифатлива иницијативата на ДУИ за основање универзитет на албански јазик во Скопје, заменик министерот Спиро Ристовски одговори дека нема слушнато за таква иницијатива.

– Јас можам да кажам од аспект на Министерство за образование и наука дека МОН нема добиено каква било иницијатива, ниту се работи за каква било подготовка за таков проект или процес – рече тој.

- Advertisements -

Претходно ДУИ во својата реакција на веста на Алсат М за отворањето на нов универзитет на албански јазик во Скопје ја потврди оваа иницијатива, но и ја нападна телевизијата за „тенденциозно лажење за една инцијатива од национален интерес.“

-Ние не знаеме кои се критериумите според кои се оценуваат националните иницијативи, но да нападнеш отворање на нов универзитет е  пониско од секоја културна, национална  и политичка вредност. Ако пред 21 години за Универзитетот во Тетово требаше да паднат жртви, денес кога Владата мисли да покрени отворање на нов универзитет, професионалното новинарство умира и ни се презентира искривена идејата со национални димензии, пишува во реакцијата на ДУИ.

Од Министерството пак соопштија дека оваа иницијатива не произлегува од нив, и оттаму не можат да ја негираат.

„МОН ќе ја прифати секоја иницијатива за нови институции на високо образование на Албански јазик и истите ќе ги разгледува. Одлуките на МОН ќе бидат во склад со потребите на Албанците за квалитетно образование на Албански јазик, посебно за Скопје“, се вели во официјалниот одговор на МОН.

Министерството за образование додава дека ниту една иницијатива не треба да се сфати и да се гледа во негативна конотација за Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), бидејќи овој Универзитет е, и ќе остане национален проект и ќе има целосна поддршка на МОН и на Владата на РМ.

Поврзани новости