Заменик-министерот за локална самоуправа од редовите на ДС поднесе оставка од функцијата

by Fokus

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски , кој доаѓа од редовите на Демократскиот сојуз, поднел оставка од функцијата и истата ја доставил до премиерот Димитар Ковачевски, информира за „360 степени“ лидерот на ДС Павле Трајанов.

Ваквиот потег на Димитровски доаѓа по вчерашната одлука на партиските тела на ДС, партијата да ја напушти владината коалиција и да премине во опозиција.

ДС има една директорска позиција во Јавно претпријатие, односно во Службен весник, и согласно партиската одлука, и тој треба да поднесе оставка од функцијата.

Поврзани новости