710
Заменик-министерот за труд и социјална работа, Ѓонул Бајрактар на денешната прес конференција порача дека Министертвото за труд и социјална работа ќе излезе во пресрет на секој граѓанин погоден од кризата со корона вирусот.
„Сакам да порачам дека никој не е заборавен. Помошта за семејствата ќе се утврдува врз основа на вкупната приходна основа на сите членови. Покажуваме дека системот на социјална заштита е така дизајниран што лесно се прилагодува до граѓаните“, посочи Бајрактар.