Заложничка драма во Грузија: Маж држи 20 луѓе во банка

by fokus

Неидентификуван напаѓач држи 20 луѓе за заложници во експозитура на Банката во Грузија градот Зугдиди.

Се водат преговори со напаѓачот, а според локални медиуми тој побарал половина милион долари. Напаѓачот е со маска и маскирна униформа. За своето барање тој им дал два часа на полицајците да го исполнат, кои веќе изминаа.

Полицијата уште информира дека напаѓачот ослободил една бремена жена.

Поврзани новости