542
Заловено е кучето што синоќа нападна деца и возрасни лица во населбата Ново Лисиче, соопштија од Град Скопје на својот официјален профил на Фејбук.
Како што се наведува на страната, кучето е пренесено во стационарот Вардариште.
„Кучето кое ги нападна децата синоќа во Ново Лисиче е конечно заловено и процесирано во стационарот Вардариште. Им благодариме на граѓаните за помошта. Се работи за расно куче, веројатно напуштено од својот сопственик. Известете ја полицијата ако го препознаето кучето или го познавате неговиот сопственик“, се вели во постот на ФБ профолот на Град Скопје.