Законските предлози за попис и за Агенцијата за разузнавање добија европско знаменце

by Фокус
Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата со предлог за продолжување на набавката на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата со склучување на амандман/анекс на Договорот со Владата на САД.
„Со оваа одлука Министерството за одбрана е задолжено веднаш по потпишувањето на амандманот/анексот на договорот, да изврши уплата на договорените финансиски средства од Буџетот на Министерството за одбрана за 2020 година во висина од 762.000.000 денари до Владата на Соединетите Американски Држави. Заклучоците за потребата од склучување на анекс на договор со Владата на Соединетите Американски Држави за набавка на лесни оклопни возила за потребите на Армијата на Република Северна Македонија ќе бидат доставени како Информација за известување до Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието“, соопштија од Владата.
Воедно, од таму информираат дека на денешната седница Владата, заради посебен јавен интерес, била донесена одлука Предлог-законот за Попис на населението, домаќинствата и становите и Предлогот на закон за Агенцијата за разузнавање во Собранието да бидат усвоени со постапка предвидена за закони со европско знаме.

Поврзани новости