Законот за обвинителство се очекува вечерва да добие зелено светло на владина седница

by Fokus

На денешната средба на Владата се очекува да се даде зелено светло за нацрт-законот за Јавно обвинителство и истиот утре да се достави до Собраниетo за понатамошно постапување во Комисијата за европски прашањa и на пленарна седница.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев не потврди дали успеал да обезбеди минимум oд 80 пратеници за законот. Тој ги повика сите партии, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, да донесат одлука за отворање на патот на реформите во правосудниот систем.

Од ВМРО одговорија дека Заев се лаже себеси кога вели дека се исполнети сите барања на опозицијата за донесување на законот.

А, додека Заев вели дека распуштањето на Собранието би можело да се одложи доколку дебатата за законот не заврши, техничкиот премиер Спасовски е оптимист.

Клучот за постигнување на 2/3 мнозинство во Собранието е кај независната парламентарна група од поранешниот состав на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека нивната одлука за законот ќе ја кажат утре. Заев пак, уште и тврди дека во предлог-законот се вклучени и предлозите на Алијансата за Албанците, Алтернатива и Движењето Беса, истакнувајќи ја и правичната употреба на албанскиот јазик.

 

Поврзани новости