Законот за јавно обвинителство изгласан на Влада, оди во Собрание

by Fokus 00:09
00:09

Законот за ЈО помина на Влада и оди во Собрание со европско знаменце. До последен момент вечерва на седницата ДУИ се усогласуваа ставовите меѓу Бујар ОСмани, Спасовски и Десковска.

Османи инсистирал во законот да влезе и третото барање на ДУИ-„бадинтер“во ЈО.

- Advertising -

ТВ 24 веќе објави дека двете барања на ДУИ за албански јазик во ЈО и намалување на критериумите за избор на ЈО се прифатени. Шесте независни пратеници пак преку соопштение ги испорачаа нивните услови – бомбите да не важат во нидена постапка, да не бидат основа за обвинението „Талир 1 и 2“, а сите снимени разговори од кои досега не се отворени постапки да се уништатат.

Заев смета и на гласовите на БЕСА и Алијанса на Албанците,независните пратеници од нив не се очекува да гласа Елизабета Канчевска Милевска.

Поврзани новости