Законот за државјанство оди во Собрание со европско знаменце

by fokus

Измените и дополнувањата на Законот за државјанство и официјално се утврдени на владина седница и до Собранието ќе биде доставен со европско знаменце , соопштија од владината прес – служба. Законот ќе биде доставен со европско знаменце бидејќи, според образложението на Владата, во него се вградени одредби од регулативата на ЕУ .

Како што соопшти владината Прес-служба, основна цел на овој Предлог-закон е дорегулација на одредени прашања кои во досегашната имплементација на Законот за државјанството се наметнаа како реални, за кои државата треба да изнајде законско решение со кое во претстојниот попис како најмасовна, најобемна и најскапа статистичка операција на официјалната статистика, според единиците кои се опфаќаат, реално ќе се прикаже бројот на населението, домаќинствата и становите во државата.

Со доставувањето на законот со европско знаменце, ќе се избегне можнноста Левица да го блокира законот со амандмани. Можноста дека законот ќе биде доставен во Собрание со европско знаменце денеска ја најави и премиерот Зоран Заев.

-Генерално сме усогласени, власта и опозицијата. Законот е блокиран од мала политичка партија Левица која без разумно оправдување не дава одговор зошто тоа го прави, освен, според мене, да продуцира меѓуетнички проблеми и нетрпеливост што треба да го чуваме и негуваме, а не да го поттикнуваме и разгоруваме, рече Заев.

Поврзани новости