Законот за албанскиот јазик и натаму камен на сопнување

by fokus 22:43
22:43

Законот за албанскиот јазик и натаму е отворен меѓу преговарачите на СДСМ и на ДУИ, дознава ТВ 24 од партиски извори.

Неофицијално, иако од ДУИ не откриваат детали од предлог законот на СДСМ, сепак порачуваат дека тој не се однесува на целосна двојазичност, какво што беше барањето и од програмата на ДУИ и од албанските платформи.

Законското решение сè уште нема договор, а според најавите се очекува да биде и најжешко прашање на Централното претседателство на ДУИ кое ќе треба да реши дали предлогот е прифатлив и дали ќе му ги дадат на Заев, 10-те пратенички потписи за состав на влада.

Освен за законот за албанскиот јазик, тимовите според информациите ги затвориле прашањата околу СЈО, ЕУ и НАТО, се разговара и за двете изборни програми на двете партии кои треба да се усогласат.

Поврзани новости