Закон за стечајци до крај на месецов

by fokus

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува пратениците да ги изгласаат измените на Законот за стечајци пред да заминат на годишен одмор. Законот, според Шахпаска, би почнал да се имплементира кон средината или крајот на септември, а со него ќе бидат опфатени 1.100 стечајци.

„Според информациите, Предлог-законот ќе биде на следната седница во Собрание, на 22 јули, по неколку дена, а оди во скратена постапка. Штом се отвори на оваа седница, има можност пратениците да го изгласаат пред да одат на годишните одмори. Јас сум оптимист. Законот стапува веднаш во сила, но со оглед дека има период од 30 дена за работниците да поднесат барања, најверојатно кон средината или крајот на септември би можела да почне неговата имплементација – рече Шахпаска.

Ова петта измена на Законот, која произлегува од владината анализа и разговорите со стечајните работници, предвидува месечниот износ на материјалниот надомест да биде 9.242 денара.

Поврзани новости