Закерберг: Трамп е блокиран на Фејсбук и Инстаграм на неодредено време

by fokus

Фејсбук го блокира претседателот Доналд Трамп на своите платформи, вклучително и Инстаграм на неодредено време, барем до крајот на неговиот мандат на 20 јануари, соопшти денеска Марк Закерберг, сопственикот и основач на популарната социјална мрежа, Фејсбук.

– Шокантните настани во изминатите 24 часа јасно укажуваат дека претседателот Доналд Трамп остатокот од своето време во Белата куќа има намера да го користи за поткопување на мирниот и законски трансфер на власта на неговиот наследник Џо Бајден, напиша Закерберг во статус на социјалната мрежа.

Тој додава дека ризиците поврзани со користењето на услугите на неговата компанија од страна на Трамп се преголеми.

– Затоа го продолжуваме блокирањето на неговите налози на Фејсбук и Инстаграм на неодредено време, барем во следните две недели додека не се спроведе мирен трансфер на власта, соопшти Закерберг.

Поврзани новости