Заканувачот Јакимовски на распит во полициска станица

by fokus

Емил Јакимовски, вработениот во Централен регистар, кој се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, во моментот е во полициска станица, каде што дава исказ.

-Пријавениот е во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР за „Фокус“.

Новинарките пред неколку дена заканите ги објавија јавно, а во текот на вчерашниот ден пријавија и во полициска станица.

И Централниот регистар соопшти дека директорката Марија Бошковска Јанковска, но и други вработени во институцијата имале закани од Јакимовски кој е избркан од работа поради злоупотреба на боледување и нарушување на угледот на институцијата.

Поврзани новости