Зајкова: Домаќинките беа повикани да замесат леб, но не гледам проблем и мажот да замеси

by Fokus

Треба да се работи на медиумската писменост, затоа што не може да допуштиме да произлегуваат наслови како: „жените треба да ги засукаат ракавите“, побара пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова во емисијата „Аргумент плус“ на Тв 24.

Според неа, нема едукација од најрана возраст и родовата еднаквост се уште ја третираме како некаков феномен за којшто треба да зборуваме.

„Домаќинките беа повикани да замесат леб, но не гледам проблем и мажот да замеси леб, особено не, во ваква глобална транзиција каде што жената и економски придонесува колку и мажот, можеби и повеќе во некои семејства, каде што и таа паралелно одговара на сите современи општествени текови, кажа Зајкова

Поврзани новости