Захарова се закани: На сето ова ќе одговориме

by Fokus

Русија ќе одговори на сите дрскости или незаконски чекори на западните земји, изјави портпаролаката на Путин, Марија Захарова.

„Чекори кои се некаде груби, некаде едноставно надвор од законот и меѓународното право и нашите билатерални односи… Ние ќе одговориме на сето тоа“, рече таа.

Таа посвети посебно внимание на Полска.

„Ако зборувате за политички односи со Полска, тоа бара навистина сериозна анализа како да се градат односите со сегашното раководство на оваа земја. Никој не треба да мисли дека ситуацијата може да остане на нивото на кое е. Овде нема опции “, изјави Захарова.

Поврзани новости