Захарова: САД ги подмити македонските пратеници да гласаат „за“

by fokus

Без оглед на обвинувањата од американски функционери на сметка на Русија, Москва не се меша во внатрешните прашања на Македонија, туку тоа го прави Вашингтон, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

-Повторно слушаме обвиненија на сметка на Москва за вмешаност во внатрешните процеси на Македонија. Тоа што го рече Метју Палмер во Скопје е смешно, вели Захарова.

Таа додаде дека САД на 19 октомври користејќи нечесни методи, закани, уцени и подмитување на пратениците ја издејствувале одлуката на македонското Собрание за пристапување кон измена на Уставот.

-Американскиот амбасадор во Скопје беше во зградата на Собранието и управуваше со овие процеси, истакна таа.

Поврзани новости