Захарова: Русија нема да реагира на барањата на САД за нови инспекции

by Fokus

Русија нема да реагира на американските барања да се извршат дополнителни инспекции во врска со хемиското вооружување, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Секако, нема да ги задоволиме, па дури ни да реагираме, на нелегитимните ултиматуми од Вашингтон да се организираат дополнителни инспекции во Русија врз основа на овој или оној американски закон, истакна Захарова.

Таа додаде дека таквите барања не се во согласност со Конвенцијата за хемиско вооружување.

Поврзани новости