Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева е во самоизoлација и се чека резултатот од нејзиниот ПЦР-тест, соопшти бугарското МНР.
Таа се самоизолирала откако заменик министерот Петко Дојков кој бил дел од делагацијата на состанокот во Берлин во понеделникот со делегацијата од Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија бил позитивен на брз тест за КОВИД-19.
Захариева нема симптоми и е во добра општа состојба и продолжува да ги извршува своите службени должности. Иако резултатот од брзото тестирање не е основа за карантин, потребно е таа да се изолира. Резултатите на заменик министерот Дојков се уште не потврдени со ПЦР тест, информраат од бугарското МНР.
Покрај Захариева и Дојков, во карантин се сите членови на бугарска делегација која беше во Берлин.
На средбата со Захариева во Берлин на покана од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и на министерот за Европа Миахел Рот присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на димпломатијата Бујар Османи.
Од СЕП и од МНР засега нема информација дали и некој член од македонската делагација што беше во Берлин ќе треба да оди во самоизолација.