Захариева: Погрешно е Скопје да очекува дека по изборите ќе се решат несогласувањата – ќе биде полошо

by Fokus 09:13
09:13

Позицијата на бугарскиот парламент во однос на темата за Северна Македонија е едно од чудата, бидејќи реткост е да бидеме толку едногласни за било што. И бугарското општество и бугарските партии имаат многу сличен став на оваа тема. Ова за БТВ денеска го изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во утринската емисија, одговарајќи на прашањето како ги коментира изјавите од Скопје, дека се чека завршување на изборите во Бугарија за да се решат несогласувањата со Софија кои ги блокираат преговорите за членство во ЕУ.

Захариева е категорична дека тоа е апсолутно погрешно.

- Advertisements -

-Идејата дека нешто ќе се промени по изборите во нашата земја е погрешна. Наместо тоа, ако нешто се промени, тоа ќе биде на полошо, нагласи Захариева.

Таа рече дека нема ништо тајно од состанокот со специјалниот пратеник на македонската влада за разговори со Бугарија, Владо Бучковски, додавајќи дека бугарската Влада останува отворена и се движи во рамки на Договорот.

-Еден од предусловите да се направи нешто и да се започне разумно да се работи за решавање на проблемите е да се намалат емоциите. Колку повеќе зборуваме без емоции, толку повеќе шанси имаме да ја завршиме работата, додаде таа.

Според Захариева, проблемот за јазикот е една од заблудите што, како што вели PCM се обидува да ги наметне.

-Ние сакаме да ги надминеме стереотипите од минатото, да престанеме да образуваме и да основаме нација заснована на антибугарски став, да ставиме крај на говорот на омраза, да ставиме крај на образованието кое промовира омраза кон бугарскиот јазик. Ова е она што го сакаме, што според мене не е ништо комплицирано, но очигледно многу комплицирано според нив, изјави Захариева за БТВ.

Поврзани новости