Захариева по средбата со Османи: Нека разберат дека нема сила пред која ќе попуштиме, ЕУ не е Југославија

by Fokus

Министeрката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева по вчерашната средба со македонскиот колега, Бујар Османи денеска пак даде свое мислење за европската интеграција на Македонија.

-Ниту една земја членка на ЕУ, ниту пак САД може во иднина да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Македонија со ЕУ. Тие треба да разберат дека Европската Унија не функционира како Југославија. Никој не може нас да ни наложи што да правиме во Унијата, рече Захариева за БТВ.

Османи Захариев вчера се сретнаа во Софија, каде  разговараа за акцискиот план за меѓусебна соработка и можноста за неговата финализација, во функција на договарање на втората меѓувладина конференција меѓу владите на двете земји.

По средбата, од Софија стигна порака дека Бугарија ја поддржува европската интеграција на земјава, со исполнување на соодветни услови.

 

Поврзани новости