Захариева најави зелено светло за почеток на преговори со Македонија

by fokus

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот за општи прашања на ЕУ со кој таа претседава, во почетокот на наредната недела би можел да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со Скопје.

– На состанокот на Советот ќе се расправа за темата проширување. Ако Советот даде зелено светло, решението може да биде потврдено на состанокот на Европскиот совет на 29 и 30 јуни, рече Захариева во интервју за бугарската Нова ТВ.

Вели дека ентузијазмот за проширување кај некои членки не е голем, но нагласи оти Македонија заслужува и оти треба да и се даде јасна перспектива.

Захариева повтори дека национален интерес на Бугарија е стабилна Македонија и стабилни соседи кои чекорат кон НАТО и членство во ЕУ.

Шефицата на бугарската дипломатија смета дека договорот меѓу Македонија и Грција нема на никаков начин да го наруши спроведувањето на Договорот за добрососедство меѓу Софија и Скопје.

Поврзани новости