Захариев вети: Средствата од телефонското гласање на ,,Макфест’’ одат за лекување на Николија!

by Fokus

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, вети дека собраните средства од телевоутингот на фестивалот на забавни мелодии ,,Макфест 2017’’ ќе бидат донирани за лекувањето на девет месечната Николија Динова, која моментално се наоѓа во Есен, Германија.

Приказната за Николија, која се наоѓа во лоша состојба, и и бил дијагностициран голем “Porenzephaler”, дефект на мозокот, па секојдневно имала мозочни грчеви кои со тек на време станувале се полоши, и за чиј прием и почетно лекување на клиниката во Есен се потребни 11.000 евра, допре до голем дел од јавноста и ја разбуди хуманоста. Захариев, без проблем вети дека целата сума собрана од телефонското гласање, наместо на сметка на Општината, како што било практика во минатото, ќе заврши кај болното девојченце на кое итно му е потребна помош.

,Слободно објавете, ви тврдам дека сите пари од телефонското гласање ќе ги добие Николија. Многу пати досега Општина Штип помагала, од се срце ќе излеземе во пресрет’’ – ни изјави тој во телефонски разговор.

Покрај Захариев, свои донации понудија и неколку актуелни политичари и бизнисмени. Кога ќе се соберат потребните средства за лекување, ,,Фокус’’ ќе ја објави листата со имињата на сите хумани граѓани кои донираа, а кои дозволуваат нивните имиња да бидат достапни на увид на јавноста.

Сите кои што се можност да донираат за спас на Николија, можат да го сторат тоа на жиро сметката 200001907750984, Трајче Динов, со назнака донација, или пак на телефонскиот број за донации VIP 143461.


Вики Клинчарова

 

Поврзани новости