Загрозениот сведок Е1: На денот на убиството кај Смиљковското Езеро имаше три автомобили

by fokus

Преку екран, со заматен лик и мутиран глас,  денеска во Кривичниот суд сведочи загрозениот сведок Е1, во случајот “Монструм”. Во моментот сведокот одговара на прашања поставени од одбраната.

Адвокатот Асмир Алиспагиќ најпрвин го праша дали се сеќава во што биле облечени адвокатите и обвинетите на рочиштето во средата, по што сведокот одговори дека за повеќето од нив се сеќава и опиша што носеле. Со ова прашање адвокатот најверојатно сакаше да провери дали зад екранот седи истиот сведок од пред два дена.

Сведокот одговори дека дента кога беа убиени четирите момчиња и рибарот кај Смиљковското Езеро, видел три возила. За едното возило се сеќава дека бил голф,  кое повеќе пати го видел кај езерото а во кое според сведокот се превезувале некои од обвинети. За другите две возила рече дека не се сеќава која марка биле, а за боите посочи дека едниот автомобил бил плав, а другиот бел или сив.

При сведочењето во средата, загрозениот сведок истакна дека тројца од обвинетите кои се во судница, и еден кој недостасува, ги гледал кај Смиљковското Езеро на денот на убиството но и три дена претходно.

Поврзани новости