Заглавените граѓани од други места по 15 дена го напуштија Дебар

by fokus

Денеска попладне оклу 15 часот  од Дебар преку Полицискиот пункт кај Бошков мост , на патиот правец  Дебар – Маврово, заминаа 95 лица  кои по прогласувањето на кризна состојба пред 15 дена се најдоа  во општините Дебар и Центар Жупа, пренесе телевизија Телма.

Станува збор за наши државијани од неколку општини но и на петмина странски државијани од Швајцарија и Србија кои беа во карантин во хотелските капацитети на Дебарските Бањи Цапа во Бањиште. Вчера поради одредени недоразбирања овие лица беа вратени од Пунктот кај Бошков мост.

Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука  информираше дека заминувањето од општина Дебар на наведените лица беше со полициска придружба , со претходно добиени персонални  решенија  за  патување издадени од  надлежните институции . На овој начин изминатите денови од Дебар заминале и неоклу лица кои биле во некои селски населби во дебарско во нивните вили а биле жители на Скопје и други градови.

Поврзани новости