Загина жена во пожар во Дојран

by Fokus

Утрово загина жена во пожар во куќа во Стар Дојран, соопшти Министерството за внатрешни работи, а според регионалниот Центар за управување со кризи на Струмица, пожарот го зафатил покривот и еден спрат на куќата.

„На 06.08.2022 во 07.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата Маршал Тито во Стар Дојран. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција“, наведе МВР.

Поврзани новости