Загина скопјанец откако со четирицикл паднал во Бањанска река

by Fokus

Вчера жител на с. Глуво загинал откако со четирицикл паднал во Бањанска река, а телото било извадено од случаен минувач.

„На 02.04.2020 околу 19:40 часот пријавено е дека на локален пат во скопско, Г.Ј.(43) од с.Глуво, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во Бањанска река, по што бил изваден од случаен минувач, а од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција“, велат од МВР.

Поврзани новости